
Амбасадата на Јапонија во Скопје и Амбасадата на Јапонија во Тирана заедно со ЏАЈКА Алумни – Мак-Јамс организираат предавање за регионална заштита на Охридското езеро и промоција на туризам преку соодветно раководење на светското наследство на втори февруари во 9.45 ч.
Професорот Јамасаки Масафуми и г. Ичики Шигеказу ќе го споделат своето знаење за јапонските искуства на овие теми со учесниците на предавањето за Охридското езеро.
Воведен збор ќе имаат Амбасадорот Савада од амбасадата во Скопје и Амбасадорот Такада од амбасадата во Тирана. Настанот ќе го модерира проф. Ташко Ризов од Машински Факултет-Скопје и претседател на Мак-Јамс.
Јапонија континуирано го поддржува развојот на капацитетите на македонските институции за третман на водите и животната средина преку програмите на ЏАЈКА (JICA). Во 2017 година Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот институт од Охрид започнаа меѓусебна официјална соработка за двете езера.
Сите новинари, институции и заинтересирани лица можат да учествуваат или да го следат настанот преку пријавување на ind@mf.edu.mk не подоцна од 31 јануари. Предавањето ќе се оддржи на англиски јазик и бројот на учесници е ограничен.
Детали за настанот: 02.02.2022 од 9:45 ч. до 12 ч.
https://www.facebook.com/events/5048407625222751/?ref=newsfeed
Публицитет.мк






