По свечената церемонија во црквата Света Богородица – Перивлепта денеска амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли беше во посета на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Таму се сретна со претседателот на ОК Љубен Арнаудов и со Саш Василески кој беше пратеник во последниот македонски собраниски состав од оваа партија.
Посетата беше остварена на иницијатива на амбасадорот Бејли а тој по еден час разговори во седиштето на партијата си замина без изјава за медиумите.
За разлика од него досегашниот пратеник Василески рече дека средбата резултирала со единствена цел фер и кредибилни предвремени парламентарни избори:
„На Македонија на 11 декември и требаат фер избори. Јас како пратеник во Собарнието на РМ и новиот претседател на ОК , Љубен Арнаудов, тоа му го ветивме. За тоа се доказ изборите во 2014, беа фер и кредибилни затоа што истите списоци што беа дадени за време на парламентарната криза беа истите во 2014 и ќе се истите во 2016. Разговаравме за многу можности за соработка на нашата партија и држава со САД и се надеваме дека перидот кој следи ќе докажеме дека партијата ВМРО ДПМНЕ ќе победи на овие избори со мнозинство гласови и со мнозинство во парламентот , а нашата одговорност како политичари на државно ниво и на локалните институции е да обезбедиме демократско право на секој граѓанин да си го даде гласот за тој што ќе смета дека за оваа држава ќе направи повеќе“, изјави Сашо Василевски.
Публицитет.мк