После пауза од една година поради светската пандемија со Ковид 19, Владимир Четкар оваа сабота 11 септември ќе го одржи својот прв концерт во Америка и тоа во Кливленд, Охајо во популарниот џез клуб BOP STOP at the music settlement кој прочуениот медиум за џез музика All About Jazz го прогласи за еден од најдобрите џез клубови во светот.
Наредниот викенд на Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа во Детроит, Мичиген на 18-ти септември во Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall и на 19-ти септември во Чикаго, Илиноис во Skadarliya.
На овие три концерти на кој Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со својата авторска музика ќе го придружуваат некој од најталентираните американски џез музичари од поновата генерација во мидвест Америка.
Публицитет.мк