Денеска американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз ја посети Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ).
За време на остварената посета амбасадорката на САД беше запозната со работата на ЈУНПГ, нејзината управувачка структура, проектите и процесите кои ги имплементира, како и за нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО кои беа нотирани во последните два извештаи.
Исто така, американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите кои институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк Галичица за периодот 2021 – 2030 година.
Со амбасадорката беше дискутирано и за можностите за поддршка од страна на Американската амбасада на активности поврзани со еколошка едукација и оддржлив развој реализирани од страна на Јавната установа национален парк Галичица.
Извор:НП Галичица