Денес американската амбасадорка Кејт Мери Брнз ја посети Јавната научна установа Хидробиолошки завод – Охрид.
За време на посетата на амбасадорката и беа презентирани интересни податоци за Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем, неговиот жив свет и ендемизмот.
Исто така таа беше запознаена и со историјата и дејноста на Институтот, неговата организациска поставеност и управување, изведувањето на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, проектите, како и тековните и идните активности во насока на заштита на биодиверзитетот и екосистемот во целост.
На средбата беа разгледани можностите за поврзување на Хидробиолошкиот завод со сродни институции од САД, со цел остварување на соработка и размена на студенти и научни работници.
Публицитет.мк