Заради лошите временски прилики што попладнево и вечерва го зафатија охридскиот регион, концертот на познатата група „Амира Трио“ предвиден во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржува внатре во катедралната црква.
Триото го предводи вокалистката Амира Медуњанин, која уште од самиот почеток на својата кариера е во постојана потрага по вистинскиот начин на толкување и претставување на традиционалната музика на Југоисточна Европа.
И додека Амира пее, нашиот фоторепортер штотуку ни испрати фотки од катедралната црква „Св.Софија“
Критичарите за Медуњанин ќе речат: – Нејзиниот восхит кон убавината на усната традиција која се практикува на овие простори, ја наведува да се посвети на создавањето на специфичен уметнички израз што не е составен дел од музичките трендови и не е подложен на компромиси со цел да се вклопи во постоечките музички калапи. Низ работата со професионални музички ансамбли и со многубројните концерти што ги има, Медуњанин успешно ја претставува културата на овие простори, односно балканската традиционална музика на светските музички сцени.
Амира Медуњанин досега има издадено повеќе албуми, на кои ниту публиката ниту критиката не останаа рамнодушни.
Додека публиката ужива во изведбите во живо „Публицитет.мк“ ви дава линк до изведбата на Амира на македонската народна „Елено ќерко, Елено“. Со клик на линкот подолу, слушнете и уживајте и Вие кои не сте на концертот.
https://www.youtube.com/watch?v=8EXkJurTPdI
Фото: Весна Костовска
Публицитет.мк