АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Патниот правец Крива Паланка – Куманово кај нас.Грамагје, кој беше блокиран во двата правци, е нормализиран.
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Во 15:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека и Буково.
ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража и 30м до 40м на планинскиот премин Ѓавато.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Извор: АМСМ