Охридскиот народен театар вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе театарската претстава „Аналфабет“ според дело од Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат Горан Стојаноски во улогата на Максим Благадуша, Никола Тодороски кој го има ликот Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматоски со улогата Румен Вујаклија и Адријана Билаловиќ која ја игра улогата на Магдалена Лапајкоска-Дупева.
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите ги изработи Ванчо Василев.
Во текот на март, охридските актери ќе одиграат неколку претстави. На 15-ти, на репертоарот е ги „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, а во режија на Софија Ристевска Петрушева, на 22 март ќе биде изведена претставата „Метод“ од Жорди Галсеран, во режија на Ирена Стеријовска, а на 27-ми март публиката ќе има можност да го види театарскиот проект „Каде е пиштолот?“ според текстот на најпознатиот унгарски автор Габор Ѓоргеј, којшто е првпат преведен и поставен во Македонија, и тоа, под режисерската палка на Дејана Николовска.
Публицитет.мк