На осми септември од 20 часот по деветти пат во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ансамблот „Билјана“.
Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес. Концертот ќе биде во духот на охридската староградска песна.
Гости на концерт ќе бидат Наум Петрески и градскиот мешан хор Вокс Лихнидос од Охрид.
Поради пандемијата со ковид-19, билетите за настанот се резервираат на телефонот 076212680, а ќе можат да се подигнат пред почетокот на концертот.
Публицитет.мк