Во пријатниот и добро познат амбиент и без фронтемнот на групата Јован Поп Стефанија ( од оправдани причини) но засилени со Ѓоко Пирузе и Владимир Сарафилоски – Броз, ансамблот „Билјана“ предизвика бура од емоции и создаде прекрасен флуид со публиката во Трпејца. Вечерта беше збогатена и со настапот на неодоливиот шармер познат меѓу возрасните гледачи секогаш актуелниот Драган Мијалковски. Тој со своите шлагери ја крена публиката која подoцна пееше заедно со него и со „Билјана“.
Фотографиите се најдобри сведоци за тоа.
– Драган Мијалковски во Трпејца дојде на наше големо задоволство по контактот со поетесата и хуманитарец Вера М Самарјанин. Тој вети дека догодина заедно со Вера ќе бидат наши гости и ќе има целовечерен концерт во Трпејца.
Публицитет.мк