МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИЛ.
– Антитерористичката акција на МВР е за приведување лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде има воени конфликти, како и лица кои врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија, потврди портпаролот на МВР Иво Котески.
Акцијата, која е во завршна фаза, се одвива во неколку градови. Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар. За финалната фаза се ангажирани специјалците на МВР.
Подетални информации МВР најави во текот на денот
Извор: Утрински весник