Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.С.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.
Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ко то тамо пева? / Њхо ис Сингинг Тхере?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Маратонци трčе поčасни круг / Тхе Маратхон Фамилѕ), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Варлјиво лето ’68 / Тхе Елусиве Суммер оф ’68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Балкански šпијун / Балкан Спѕ), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Национална класа / Натионал Цласс Цатегорѕ Уп то 785 Ццм), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Пластиčни Исус / Пластиц Јесус), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Кад будем мртав и бео / Њхен И Ам Деад анд Гоне), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Лјубавни слуцај или трагедија слузбенице П.Т.Т. / Лове Аффаир, ор Тхе Цасе оф тхе Миссинг Сњитцхбоард Оператор), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Петријин венац / Петриа’с Њреатх), ЉУБОВ И МОДА (Лјубав и мода / Лове анд фасхион) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Давителј против давителја / Странглер вс. Странглер).
Автори на филмовите се Слободан Шијан (Слободан Šијан), Горан Паскаљевиќ (Горан Паскалјевиć), Душан Ковачевиќ (Дуšан Коваčевиć), Божидар Николиќ (Боžидар Николиć), Горан Марковиќ (Горан Марковиć), Лазар Стојановиќ (Лазар Стојановиć), Живоин Павловиќ (Žивојин Павловиć), Душан Макавеев (Дус̌ан Макавејев), Срѓан Карановиќ (Срđан Карановиć ) и Љубомир Радичевиќ (Лјубомир Радиčевиć).
Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „ВИП Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.
ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности.
Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?, МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз.
Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси.
Југословенската Кинотека, основана во 1949 година, денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.
Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.
Публицитет.мк