Први август. Прекрасен ден на плажа со најмилите. За 5 минути се смени сè, слика каде го гледаш своето дете да се бори за живот, а не можеш ништо да сториш. Дијагностицирана животнозагрозувачка повреда – скршен 5-ти вратен пршлен. За кратко време, итно пренесено во Систина, каде е извршена тешка и сериозна операција. Одземеност на рацете, нозете и проблеми со дишењето е последица од повредата. Бидејќи борбата за Јован допрва започнува, а досегашното лекување надмина 20.000 евра за овие неколку дена и секој нареден ден изнесува 550 евра, родителите молат за помош.
Да помогнеме Јован повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете.
Сите хумани граѓани, компании, здруженија и организации кои сакаат да помогнат во рамките на своите можности, тоа можат да го сторат на некој од следните начини:
Броеви за донација;
A1 – 143 460
Телеком – 143 117
Хуманитарна жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна хуманитарна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство)
Ви благодариме!
Публицитет.мк