Во рамките на четвртото издание на манифестацијата „На зајдисонце“ синоќа,целовечерен настап на сцената „Кај Бунарот“ имаа секциите на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебрца.
Со сплетовите „На Сараиште“и „Охридска визита“ се претстави пеачката група под раководство на Ружа Балеска и КУД „Далги’. Уметнички раководител и кореограф на „Далги“ е Ристо Трајкоски, а одговорен за музичкиот состав Лазар Јолакоски.
Вистинско освежување на вечерта беше настапот на Детското драмснко студио „Развигорче“ под раководство на Ристана Мојсоска.
Претходно беше отворена ликовната изложба на детски цртежи на тема: „На зајдисонце“ од школата за цртање раководена од уметникот Слободан Пупиноски.
Здружението „За Трпејца со љубов“ им благодари на сите учесници на вечерта, а и на бројната публика која ги поддржуваше изведувачите на програмата, посебно на Ѓорѓи Трпчески, претседател на ИО на Здружението на пензионери и секретарот на здружението Стефан Владимиров.
Пеачката група и КУД „Далги“ во втората половина од август ќе настапат на „Вевчанското лето“ а ќе снимаат и промотивно ДВД .
Публицитет.мк благодарение на фотографот Никола Павлески, кој е официјален фотограф на манифестацијата „На зајдисонце Ви нуди неколку фотки за да го доловиме амбиентот.
Публицитет.мк