
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вкупно се аплицирани 1.537.124 дози вакцини, а ревакцинирани се 743.374 граѓани, трета доза вкупно примиле 571 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 3.458 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 873 граѓани.
Трета доза вакцина вчера примиле 72 граѓани.
47% од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина
44% од полнолетното население е вакцинирано со две дози вакцини.
38% од вкупното население е има примено една доза вакцина.
35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини.
53% од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
Публицитет.мк







