Покачувањето на температурата се забележува на многу места во светот, но најмногу во Русија и во Аљаска.
Минатиот месец бил најтоплиот април во современата историја, со што се одбележува 12-от последователен месец, кој ги разбива светските рекорди за топло време. Ова го велат од Американската национална агенција за океаните и атмосферата (NOAA). “Светските средни температури на површината на копното и океаните за април 2016 година се највисоки за месеци во светските температурни архиви на NOAA, кои датираат од 1880 година”, изјавија од агенцијата во соопштението. “Тоа го одбележува 12-от последователен месец во кој светските температурни рекорди се скршени, што е и најдолгата серија во 137-годишната историја на архивите”, посочија уште од NOAA.
Во извештајот на агенцијата кој се издава секој месец, се наведува дека минатиот месец се забележува и загрижувачко пораст на температурите, во споредба со просечните т вредности во 20 век. Општите средни температури на глобално ниво на копно и вода за април 2016 година се со 1,10 степени Целзиусови над просекот на месеци во 20 век, а кои се 13,7 целзиусови тсепени .
Според NOAA покачувањето на температурата се забележува на многу места во светот, но најмногу во Русија и во Алјаска, каде просечните температури биле со 3 степени Целзиусови над просекот. Сепак подобро кул време од вообичаено се забележани во североисточните делови на Канада и Јужна Америка. / АФП
Извор: www.lokalno.mk