Еден од најубавите месеци во годината секако е април се разбира заради својата колоритност кога природата се буди по долгиот зимски сон. Се разбира не случајно токму во пролетта започнуваат многу нови љубовни приказни од кои некои траат вечно а некои пократко но кои се паметат засекогаш во животот .
Токму за таквите љубови испеани се безброј песни како плод и инспирација на некоја љубов која можеби се памети или сеуште живее…
Една од нив е композицијата „ Априлска љубов“ за која музиката ја напишал Семи Фаин а тексот е дело на Пол Франсис Вебстер.Таа била напишана за потребите на истоимениот филм од 1957 година , во кој главните улоги ги толкуваат Пат Боун и Ширли Џонс.
Нејзината популарност била мошне голема особено по прикажувањето на филмот во кино салите.Песната станала голем хит. Во интерпретација на Пат Боун таа поминала цели 26 недели на Билбоард топ 100 листата од кои шест недели на првото место.
Во 1958 година таа била номинирана за наградата Оскар за најдобра оригинална песна но Оскарот го освоила песната „ Целиот пат “ од филмот „ Џокерот е жив“ во интерпретација на Френк Синатра.“
Интересно е да се спомене дека тандемот Семи Фаин /Пол Франсис Бебстер , само две години пред тоа го освоиле Оскарот во оваа категорија за песната „ Љубовта е прекрасна работа“ од истоимениот филм.
Да се потсетиме , во филмот „ Априлска љубов“ Пат Баун игра лик на едно градско момче кое се вљубува во една селска девојка од Кентаки која живее на фарма.
Песната доживеа неколку изведби од кои најпознати се оние на Кони Френсис, Џејн Морган и Џони Матис како и на оркестарот на Били Вон.
Април е љубов за многу млади
Секоја ѕвезда е
сакана ѕвезда која сјае за вас .
Април е љубов на седумте чуда
Еден мал бакнеж може да ви каже ова е вистина….
Еве потсетување на оваа љубовна тема во изведба на Пат Баун.
Пишува: Ѓоко Симјаноски