Од почетокот на оваа учебна година во Охрид функционира нов образовен центар под името Atlas world.
Официјално со работа започна на 4 октомври и лоциран е во центарот на Охрид на улица „Даме Груев“ број 9 во непосредна близина на старото кино.
Од палетата на услуги ги издвојуваме: Курсеви по англиски и турски јазик за деца и возрасни, англиски јазик за деца од претшколска возраст, помош при пишување на домашна работа , подготовка за приемни испити на факултет. Истовремено, образовниот центар е место во кое Вашите деца ќе се згрижени и ќе научат нешто ново за животот и ќе ги осознаат основните вештини во комуницирањето со своите другарчиња и ќе можат самостојно да се снаоѓаат во секојдневието.
Сопственичката Семра Ачи Мустафа вели дека таа и нејзините соработници се раководат од желбите и потребите на децата и нивните родители.
– Правиме се’ тие да се задоволни, програмата на курсевите ја приспособуваме на нивното време , но внимаваме и на основните стандарди. Сакаме кога ќе излезат од нашиот образовен центар да понесат знаење со себе , кое ќе е рефлексија и на нашата успешност, додава Семра.
Образовниот центар Atlas world работи од понеделник до сабота од 8 – 16 часот и плени по својата функционалност и топлина која зрачи од амбиентот во кој се учи. Тоа е мотив плус да го посетите и да ги остварите вашите соништа во поглед на Вашето и образованието на вашите деца.
За конкретни информации ѕвонете на мобилниот телефон: 072 321 943
Ве очекуваме!
Публицитет.мк