„Авантурите на мачорот Перко“ од Ели Маказлиева е нова книга со раскази за деца, која на сосема нов современ начин и преку нов квалитет, го води детето во раскажувањето низ визуелизирање на расказите со фантастични илустрации кои се живи раскажувачи на зборот.
Целата книга е интересна приказна составена од илустрирани раскази кои тематски се надоврзуваат, а настаните хронолошки растат и всушност прават една тематска заокружена целина. Делото има интересна и современа тематика со мотивациска шареноликост, наполно модерна концепција која расте преку текст -хронолошко раскажување на настани кои содржат факти, но и многу смеа и забава, како и преку раскошни и живи илустрации, впечатливи и восхитувачки за децата.
Секој расказ го оживува волшебниот свет на детето преку живо и непосредно опишување на настани, со мудри, смешни, но и сериозни и значајни случки кои носат значајни и поучни пораки.
Заедничко во сите раскази е реалистичниот момент со нереалистични елементи кои се претставени на специфичен и оригинален начин.
Преку инвентивноста, фантазијата, хуморот, забавата и шармот и преку успешната вербализацијата на зборовите за деца, оваа книга веќе преставува квалитетно збогатување на македонската литература за деца. Расказите се дар за секое дете и значаен придонес во најновата литература за деца. Книгата ја илустрираше Игор Јовчевски а препорака и рецензија на истата даде Проф. д-р Кристина Николовска.
Публицитет.мк