
Рано утринава беше транспортиран и посипан песок на неколку плажи, како дел од активностите за уредување на крајбрежјето што ги спроведува Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.
Како што информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, се работи за афтохтон песок кој се распоредува во согласност со одредбите од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Екипите на јавните претпријатија интензивно работат на терен, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и фонтани за вода.

Извор:Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески







