• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Авторката на „Рисот Ристе“ за Водици влезе во водите на Охридското Езеро и испрати јасна порака

јануари 23, 2022
in Омнубус
Авторката на „Рисот Ристе“ за Водици влезе во водите на Охридското Езеро и испрати јасна порака

 Весна Константинова од Скопје, авторката на познатите книги за деца со „Рисот Ристе“ неодамна повторно ја изненади јавноста кога и покрај студот за Водици влезе во водите на Охридското Езеро и испрати јасна порака дека традицијата е за да се чува и негува!

Многумина од нејзините обожаватели беа изненадени, но ретко кој знае дека ова е веќе трети пат Весна да го посети Охрид на овој голем ден и да учествува во традиционалното капење во осветените води на езерото.

На зборовите дека и се воодушевуваат на храброста, таа на својот ФБ профил изјави дека не е потребна храброст туку само силна верба, и дека на овој ден никој никогаш не настинал, напротив во водата се влегува за здравје.

 Кога станува збор за здравјето, интересно е што Весна Константинова всушност е здравствен работник, таа е дипломиран фармацевт и copywriter, но на љубителите на пишаниот збор им е позната како авторка на илустрираните книгички за деца со македонскиот РИС РИСТЕ и како личност која сака да изненадува.

271941683 1639596569723417 9099327843778923708 n

И токму со цел да изненади и израдува колку што е можно повеќе деца, а особено децата од ранливите категории, Весна минатата година во месец мај започна акција под мотото БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ!

Оваа акција поради интересниот концепт, а и поради едукативната и забавна соджина на книгичките со РИСОТ РИСТЕ, уште во самиот почеток доби поддршка од Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, а подоцна кон истатата се приклучија и голем број на лица и претпријатија.

risot

Иако на прв поглед поради преубавите илустрации кои се среќаваат на секоја страница, овие книги наликуваат на сликовници, тие содржат многу повеќе текст и на еден интересен и ненаметлив начин, низ приказна на децата им се посочува колку е важно да си помагаме, да ја чуваме природата, здраво да се храниме, да спортуваме итн.

Како резултат на ацијата БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ на територијата на цела Македонија, досега се подарени над 800 книги со Рисот Ристе, почнувајќи од децата хоспитализирани во Детската Клиника во Скопје и Белодробната болница Козле, преку дневните центри за деца со посебни потреби во Тетово и Гостивар, центрите за деца со аутизам “Во мојот Свет” во Охрид и Скопје, Центарот “Вера”за деца со Даунов синдром во Струмица, децата од Домот за доенчиња и мали деца во Битола, децата со посебни потреби во селото Манастирец во Македонски Брод и уште многу други.

272031470 637771187279543 4347262901117530646 n

И токму како дел од оваа акција на 20 јануари, само еден ден после големиот православен празник Водици, книгички со РИСОТ РИСТЕ беа подарени и во ЈОУДГ Јасна Ристеска во Охрид, и според зборовите на авторката, ова е само почеток на уште една убава соработка, бидејќи поради ситуацијата со КОВИД во моментов оневозможено било реализирањето на сите замислените активности.

 

risot 1

Акцијата БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ се’ уште е во тек и речиси секојдневно добива нови поддржувачи, а сите кои би сакале да се вклучат и станат дел од неа, без оглед дали сакаат да подарат или да добијат книги истото може да го сторат на официјалната фан страна на ФБ Risot Riste i prijatelite до која можат да пристапат преку  линкот.

 

Публицитет.мк 

Посетеност: 115
Share
Previous Post

АЛПОЈО Охрид: Какаото не само што е вкусно кога се пие, туку е корисно и за здравјето

Next Post

Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

Next Post
Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

Ковачевски: Ги унапредуваме работничките права, секој има право на одмор и неделата да ја помине со семејството

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 115

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk