Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера во рамките на посетата на Израел имаше прием во кабинетот на Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат , а оствари средба и со менаџментот на врвниот Институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим – Хадеса еин Карем.
Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначлници во Израел, Бакрачески во текот на вчерашниот ден беше во посета и работен ручек на израелското министерство за надворешни работи каде домаќин беше заменик министер г-ѓата Ципи Хотовели, а веднаш потоа оствари работна средба со Израелскиот амбасадор за Македонија, г-динот Дан Ориан.
Во текот на попладнето граоначалникот Бакрачески имаше прием во кабинетот на премиерот на Израел, г-динот Бенјамин Нетанјаху, кој ја поздрави конференцијата и изрази надеж за идна успешна соработка меѓу градовите од различни држави.
Вечерта градоначалникот на Охрид се сретна со градоначалникот на Ерусалим г-динот Нир Баркат при што беа прецизирани концепти за идна заедничка соработка.
Бакрачески имаше работна средба и со менаџментот на најголемата болницата во Израел, Хадеса – еин Карем во Ерусалим, каде беа договорени модели за соработка со Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања Охрид, особено во делот на интервентната кардиологија.
Извор: ФБ профил Градоначалник Бакрачески