Познатиот охридски адвокат Емил Балабан, син на уште попознатиот наш сограѓанин Томислав Балабан, во декември доживеа тежок мозочен удар. Според неофицијални сознанија беше неопходна брза хируршка интервенција која ја изврши познатиот доктор – неврохирург и актуелен министер за здравство Венко Филипче кој по потекло е од Охрид.
На социјалната мрежа фејсбук осамна текст – благодарност на Томислав Балабан упатена јавно до министерот и доктор.И она што предизвика бура од позитивни емоции фотографијата на која е познатиот охридски адвокат Емил фотографиран на 31 декември во болничката постела по извршената операција.
Ова е доказ дека Охрид знае да сочувствува и да се радува како и што многу пати покажал дека знае да биде и хуман.
Еве ја во целост пораката на Томислав Балабан до д-р Филипче
Посветено на Венко Филипче, проф. д-р неврохирург и актуелен Министер за здравство.
Само еден ден од кога постана прв човек на нашето здравство,покрај неговата многу одговорна функција, изврши тешка, но успешна операција над мојот син Емил Балабан и му даде можност да живее и да се радува на животот со своето семејство.
Од срце и со вечно паметење му заблагодарувам на неговата усилба што ја направи.Но на Венко Филипче тоа и му доликува , бидејчи е внук на еден од најодговорните судии во Македонија (Ставре Филипче),а син на професорот и доктор на Медицинскиот факултет Илче Филипче,и поранешен успешен министер за здравство.
Почитуван докторе Венко Филипче Ви благодарам и Ви пожелувам успешно раководење со министерството за здравство на Р.Македонија
Со искрена почит ,Томислав Балабан
Публицитет.мк