На петти јули годинава ќе започне 60-тото јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
По тој повод, в понеделник, на 5 јули со почеток во 12 часот ќе биде промовирана монографијата „60 години Балкански фестивал на народни песни и игри“ од авторот м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде Славко Упевче.
Вечерта од 20.30 часот на Долни Сарај, фестивалот за отворен ќе го прогласат Талат Џафери претседател на Собранието на Р.С.Македонија, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Симоноски.
По официјалниот дел од свеченото отворање ќе настапат ансамблот „Македонија“ од Р.Северна Македонија, како и академското Културно-уметничко друштво „Бранко Крсмановиќ“ од Белград, Р.Србија.
06.07.2021 (втор ден)
1.АКАДЕМСКО КУД “Бранко Крсмановиќ”- Белград,Р.Србија
2.КУД”ДРИМКОЛ”-Вевчани Р.С.Македонија
3.КУД” 14 ВЕВРУАР”-Бања Лука,Босна
4.Ансамбл”Студио фолклор” и Инструментален состав “Ќустек”-Скопје Р.С.Македонија
07.07.2021 (трет ден)
1.КУД” 14 ВЕВРУАР”-Бања Лука,Босна
2.ФА”Никола Ѓурковиќ”-Котор,Црна Гора
3.КУД”Јане Сандански”-Неготино, Р.С.Македонија
08.07.2021 (четврти ден)
1.”Плус Денс”-Елбасан,Албанија
2.ФА”БИСЕРИ”-Охрид, Р.С.Македонија
3. ФА”Никола Ѓурковиќ”-Котор,Црна Гора
4.КУД”БИСЕР” – Кичево, Р.С.Македонија
Балканскиот фестивал на нaродни песни и игри ќе се одржи согласно здравствените протоколи за заштита од корона вирусот. Влезот за посетителите ќе биде слободен.
Публицитет.мк