Еден од најголемите евергрини на сите времиња, секако е компзицијата БЕСА МЕ МУЧО (во слободен превод „Бакнувај ме многу“).Песната е на пишана во 1940 година на шпански јазик а како композитор и текстописец е дело на мексиканската композиторка Консуело Веласкез.
Веласкез композицијата ја напишала пред својот 20 роденден. На прашањето која била инспирацијата за оваа безвременска песна , таа секогаш одговарала дека песната е плод на чиста имагинација. Имено таа пред да ја напише песната никогаш не ја почуствувала убавината на бакнежот.
„ Бесаме мучо “ е една од најизведуваните во светот на популарната музика.Нејзин прв изведувач бил Емилио Туеро кој ја снимил во 1941 година .Била мошне популарна за време на втората светска војна кога ја изведувале музички групи а светски позната станала во 1943 година окако на аглиски ја отпеал американскиот пеач Сани Скајлар.
Песната досега има доживеано безброј вокални и инструментални изведби. Такаречи не постои оркестар кој на својот репертоар на ја ставил оваа композиција. Истото се однесува и на вокалните изведби. Може слободно да се рече дека сите светски познати имиња на својот репертоар ја имаат оваа песна, почнувајќи од „Битлси“,Френк Синатра, Вес Монтгомери, Енди Расел, Педро Варгас, Линда Ронаштат, Валентино Сакс , Дијана Крол , Пласидо Доминго , Сами Дејвис, Магдалена Зарате, Хозе Карерас, Жоао Алберто, Елвис Присли, Луис Мигел, Хулио Иглесиас, Кони Френсис, Енгелберт Хампердинк, Далида…
Освен тоа, „Бесаме мучо“ како музичка тема е искористена во неколку мексикански и американски филмови како и во рускиот филм„ Москва не им верува на солзите“ кој го освои Оскарот за најдобар странски филм.
„ Бесаме мучо“ е добитник и на многу музички награди од кои треба да се спомене Специјалната награда за достигнување која на композиторката Веласкез и беше доделена во САД.Нејзината музика е вградена и во неколку анимирани филмови на големиот Волт Дизни кој за неа ќе рече дека “таа беше убава, љубезна и почитувана”. Веласкез се согласила да работи со Дизни во анимираниот филм”Тројцата кабаљероси“. За време на снимањето на овој филм, Веласкез имала можност да се сретне со тогаш големата холивудска ѕвезда Рита Хејворт која исклучиво барала да се сретне со мексиканската композиторка.
Таа компонирала и свирела пијано и кога имала 80 години.Починала во 2005 година на 89 годишна возраст.
Бакнувај ме, бакнувај ме многу,
Како ноќва да ни е последна.
Бакнувај ме, бакнувај ме многу,
Се плашам дека потоа ќе те изгубам.
Сакам да си блиску,
Во очите твои да се гледам, да си до мене.
Помисли дека утре можеби
Ќе бидам далеку, далеку од тебе.
Бакнувај ме, бакнувај ме многу,
Како ноќва да ни е последна.
Бакнувај ме, бакнувај ме многу,
Се плашам, ќе те изгубам довека.
Потстување на оваа безвременска песна во изведба на нејзиниот прв исполнител Емилио Туеро.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк