
Оваа 2020 година е година на исклучителен јубилеј – 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (17 Декември 1770 година), еден од најголемите музички композитори на Германската нација и на целото човештво.
-Охрид е град во кој се родил, живеел и починал друг гениј и полимат, Св. Климент, творецот на Кирилицата и веројатно наједуцираната личност на светот во своето време (840 – 916). Заради нашиот Патрон, ние Охриѓаните имаме чест, но и обврска достојно да ги спомнуваме личностите кои низ долгата културна историја на Европа оставиле најдлабоки траги. На 17 Декември, со неколку пригодни настани симболично ќе му оддадеме почит на Бетовен. Во овој проект ангажирaвме вкупно 250 уметници од Охрид, кои пленат со својот талент, ентузијазам, но и со љубов кон својот град. Во ова време на страшни премрежија, страв и неизвесност, сите заедно ќе ја пренесеме на светот нашата пораката за мир, здравје и подобра иднина, вели проф. д-р Зоран Тунтев од Лајонс клубот „Лихнидос’
Изведбата е на Охридскиот музички еснаф а пеат: Жармена и Ѓоко Танески.
Публицитет.мк






