„БИОМЕД ЛАБ“ е прва приватна здравствена лабораторија за молекуларна дијагностика во Република Македонија основана 24.04.2013 година. Оваа година прославуваме 9 години од своето работење.
НАША МИСИЈА
*Рано откривање на болестите со примена на најсовремени методи
*Висока стручност од областа на молекуларна дијагностика и генетика
*Примена на стекнатите знаења за поздрав и поквалитетен живот
*Активна соработка со водечки меѓународни научни институции и универзитети
* Зголемување на информираноста преку активна комуникација со населението
Лабораторијата е опремена со најсовремена апаратура која што овозможува брза и точна дијагностика со молекуларно-дијагностички методи. Секојдневно се работи на зголемување на бројот на нови анализи во согласност со најсофистицирани методи од областа.
ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ оваа 2022 година се вклучи во кампањата за подигнување на свеста и создавање промени за 300 милиони луѓе кои живеат со ретка болест и нивните семејства ширум светот.
Повеќе детали за нас побарајте на следниот линк:
Публицитет.мк