Денеска е 2 Април- Меѓународен ден на лицата со аутизам! Бистата во нашето училиште Григор Прличев“ во Охрид ја осветливме во сино, приклучувајќи се на тој начин во одбележување на овој ден, напиша на фејсбук директорката на училиштето Ивана Маховска-Шикалеска.
-Со тоа, даваме силна порака : Лицата со аутизам кои уште се нарекуваат и “тивки мудреци ” не се за избегнување. Напротив, тие живеат во свој свет полн со талент и навики кој бара разбирање и силна поддршка од сите нас! Утре, да го обоиме нашето секојдневие во сино!
Благодарност и до Проф. д-р Зоран Тунтев со чија помош и ја реализирав оваа идеја, напиша Маховска.
Публицитет.мк