• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Бистра Кумбароска: Отворете ги задушените пори на СВП, затворени беа предолго!

август 15, 2017
in Аргументи за

Аман бе Разме, пак зеде за Струшките од дома да куцаш?“ ќе му речеше мајка ми на татко ми на почетокот од секое лето – додека машината за куцање лумпуваше погласно од диско бас и ја креваше целата зграда на Маркс Енгелсова. Татко ми немаше проблем да куца и работи за Струшките каде било и кога било. Со несвојствена брзина и несопирлива страст ги куцаше и создаваше и поканите, и атмосферата, и говорите, и прес материјалите, и што и да беше требало за тогашните Струшки Вечери на Поезијата. Со години.

Некогаш низ смеа, некогаш низ нервоза ќе ми речеше: „Бистра, ова не е панаџур, ова е празник на поезијата, на зборот кој небото го отвора. Светот доаѓа да и пее на Струга, на нашето езеро и река! Мора да бидеме подготвени и да го заслужиме овој настан!“ И така низ годините и јас почнав да го барам тој збор кој небо отвора, и од откривање на поезијата преминав и на куцање покани, и на фотокопирање, и до 2012та не бев пропуштила ниту едно издание на Струшките. Бев и волонтер и логистика и кол центар и организација и преведувач и прес хелп, и учесник а еднаш дури и пеев песни од Адел со Ана и Пјотр.
Фестивалот никогаш не беше фестивал само заради поезијата која беше прочитана на Матинеата или огнометот на Мостови. Фестивалот никогаш не беше фестивал само заради Златниот венец или годишните одобрени буџети. Фестивалот никогаш не беше фестивал само заради управниот одбор, директорот или сценографите. Струшките беше фестивал зашто успеваше да активира една голема маса на луѓе кои имаа желба и страст слична на таа од татко ми, и успеваа да се дадат себе си и да се широкогради, отворени, секогаш подготвени за гостите, поеднакво посветени на поетите колку и на слушателите, поеднакво заинтересирани и отворени за критиките и фидбекот, со трпение и скромност во името на големината на овој празник. Струшкита никогаш не беа 4-5 дена фестивал во Струга, туку беа цело движење, со подготовки од август до август следната година: за да биде успешен летот во еден поинаков свет, за сите, за целата заедница од луѓе кои на некој начин беа поврзани со фестивалот. Струшките беа симбол на човечкото во нас, тоа го опеваа, тоа и го славеа, некогаш дури и со премногу алкохол. Секоја година, по Мостови, татко ми паѓаше мртов уморен на креветот дома и велеше „Добро беше, ама в година мора да го добилижиме фестивалот и до повеќе луѓе…“ и милион нови идеи ќе ја преплавуваа неговата глава, но не секогаш успеваше да ги оствари во реалност. Пред да оди во пензија, веќе беше уморен од таа реалност која не дозволуваше секој да го даде ефикасниот максимум во креирање на најдобро искуство, но и ден денес вели, „сега е на младите редот, новите генерации, фестивалот мора да се модернизира.“

Последниве 5 години, ги гледам Струшките на МТВ сателитска, де од Љубљана де од Виена. Но тоа и не е толку тажно. Потажно е што редица поети, писатели, новинари и гости кои беа дел од таа клучна заедница на Струшките, низ годините почнаа да се повлекуваат, да не се заинтересирани, понекогаш да не се дури ни поканети. Без разлика на околностите, политички, економски или психо-соматски, Струшките успеваа да се градат во различни насоки, и навистина мислам дека доживеаа прогрес во одредени аспекти изминативе 5 години. Но таа големина на фестивалот во форма на едно заедничко движење кон нешто поголемо, низ годините се изгуби.

Фестивалот имаше шанса да прерасне во нешто вистински неповторливо, но во процесот на градење заборавивме на жените поети / лауерати (ги имаме само три досега, страшно!); заборавивме на важноста да се оддржи клучната заедница или да се поврземе со нови заедници; заборавивме да креираме системи и процеси кои ќе овозможат раст на тимот и фестивалот и во финансии и во публика, офлајн и онлајн. Сега, кога сведочам колкав број на луѓе се засегнати и загрижени за фестивалот, помислив, време е да се активираме! Дајте да почнеме да создаваме предлог сугестии за подобрување на одредени аспекти од СВП, да креираме јасна матрица и слика колку можеме да допринесеме да тоа биде фестивалот кој сме го замислиле, и таа енергија која ја вложуваме во критики (напати и ширење омраза) кон ЕДЕН член на целиот овој мозаик – да ја претвориме во конструктивна и колективна акција кон еден поинаков фестивал!
На крајот на денот, испраќам честитки до Дарко Лешоски и сите останати на кои им е дадена формалната одговорност да думаат и работат на СВП. Предизвикот е огромен, но потпрете се и на заедницата, отворете ги задушените пори на СВП, затворени беа предолго!!!

М-р Бистра Кумбароска, Виена – ќерка на долгогодишниот секретар и едно време директор на култните Струшки вечери на поезијата Разме Кумбаорски.

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Посетеност: 94
Share
Previous Post

Општина Охрид: Оваа локална власт за 4 години направи повеќе од сите претходни од независноста на Македонија до денес

Next Post

Дарко Лешоски за ДВ: Се повлекувам од СВП!

Next Post

Дарко Лешоски за ДВ: Се повлекувам од СВП!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 94

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk