Нашиот Боби Мојсовски Нова година ја дочека на плоштадот „Бан Јелачиќ “ среде Загреб каде настапи со Тончи Хуљиќ и бендот „Мадре Бадеша“
Истата вечер на истата сцена пееше и Дорис Драговиќ како и уште неколку хрватски ѕвезди.
По Ззагреб истата екипа синоќа – 1 јануари се претстави и во Дубровник.
Боби споделувајќи една од фотографиите на кои е со познатата Дорис Драговиќ напиша: -Мојата прва желба за 2018 остварена!! Конечно во живо ја сретнав Дорис Драговиќ, предобра,скромна,величествена жена и феноменална пејачка!!
Ова е добар знак дека Боби полека го освојува и хрватскиот пазар и уште повеќе си ја подотвори вратата за нови ангажмани и соработка со хит мејкерот Хуљиќ.
Лани по синглот “Ја би да сан опет мали”, Боби, Тончи и неговиот бенд „Мадре Бадеша“ имаа низа настапи по Јадранот.
Публицитет.мк