Матурските капи се фрлаа и во Економско.
Вечерва дипломи за успешно завршено средно економско училиште им беа врачени и на матурантите во Општинското училиште „Св. Кирил и Методиј“во Охрид.
За разлика од ОСУ „Св. Климент Охридски“ амбиентот барем визуелно далеку поскромен, но мотивацијата на матуранатите, насмеаните лица, радоста и неизвесноста од новото, веќе од утре беше присутна и на лицата на довчерашните ученици во економското. Публицитет.мк на сите матурани им посакува многу среќа во иднина.
Вечерва во рамките на доделувањето на дипломите во дворот на економското училиште концерт одржа популарниот Боби Мојсовски придружуван од Мартин Милески, матурант од средното економско кој се посигурно чекори на македонската музичка сцена.
Час подоцна обајцата придружувани од уште неколку познати млади музичари хуманитарно за настраданите во невремето во Скопско се журкаа со присутните во познатата охридска кафетерија „Шила“.
Фото: Фејсбук
Публицитет.мк