Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре на 9 јуни во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ – Горно Лакочереј Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има во сите парохиски цркви.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк