• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Бонд и злосторниците

октомври 29, 2015
in Филмољубие

 nas b 2

Како и во вистинскиот живот така и на филмот, кој всушност е своевидна слика на животот, постојано постои борба помеѓу доброто и злото. Па така, Бетмен постојано се бори против својот најголем непријател Џокер , Хари Потер се бори против Лордот Волдемар а Џејмс Бонд постојано се бори против злосторници од секаков вид кои сакаат да завладеат со светот но тој секогаш победува ,се’ до следниот филм во кој повторно ќе се најде некој налудничав тип кој му мисли лошо на светот. И така цели 53 години колку што трае овој серијал во кој се сменија шест актери во ликот на спасителот на светот тајниот агент 007.

А во изминатите години Бонд навистина имаше голем број на непријатели. Од Др. Џулијус Но во првиот филм од овој серијал „ Др. Но “ во 1962 година ,преку Аурик Голдфингер,Емилио Ларго, Др. Кананга, Франциско Скараманга, Аристотел Кристатос, Генералот Орлов, Макс Зорин , Генералот Герги Косков, Франц Санчез , Раул Силва и кој уште не па се до Франц Оберхаузер во најновиот филм „ Спектра“ кој во понеделникот ја имаше својата светска премиера во Ројал Алберт Хол во Лондон кој може да собере до 9000 посетители но од безбедносни причини капацитетот е ограничен на 5544 посетители вклучувајќи ги оние кои стојат во галериите.

Сите предмалку споменати злосторници сакале да завладеат со светот на различни начини но Бонд со неговата храброст и умеење и со огромната логистика која ја добива од Британската тајна служба МИ 6, во последен миг го спасува светот.

Интересно е да се каже дека меѓу злосторниците има еден лик кој му задава големи главоболки на Бонд во последните три продолженија од овој серијал. Се работи за господинот Вајт кој преставува закана за Бонд уште од филмот„ Казино ројал“ .Со него Бонд не успеа до крај да се справи ниту во филмот „Зрно утеха“ а дали ќе успее во најновиот филм „ Спектра“ останува да видиме.Овој лик го толкува данскиот актер Џеспер Кристијансен.

Меѓу злосторниците има уште еден долговечен непријател на Бонд. Се работи за Ернст Ставро Блофилд кој всушност е главата на глобалната криминална организација „Спектра“која сака да доминира со светот.Негов најголем непријател е токму Џејмс Бонд.Неговиот лик го толкувале неколку актери во различни филмови:Доналд Плезенс,Тели Савалас,Чарс Греј и Ентони Досон.

Инаку ликовите на предмалку споменатите злосторници ги толкуваа мошне познати актерски имиња како што се: Џозеф Вајсмен, Герт Фробе,Адолфо Чели, Јапет Кото, Кристофер Ли, Курт Јургенс, Мишел Лонсдејл, Стивен Беркоф, Луис Журден, Кристофер Вокен,Роберт Дави, Шон Бин, Џонатан Прајс, Роберт Каралајл, Мадс Микелсен, Метју Алмарик, и оскаровците Хавиер Бардем и Крисоф Волц.

Познатото филмско списание „ Варајати“ неодамна состави листа од од десетина најголеми злосторници против кои се борел Бонд досега во овие изминати 53 години.

zlos 1

 

 Др. ЏУЛИУС НО“

Актерот Џозеф Вајсмен ќе остане запаметен како првиот актер кој во серијалот филмови за Џејмс Бонд толкувал лик на злосторник. Тој мошне добро го толкува ликот на негативецот Др. Џулиус Но, кој веднаш може да се препознае по своите метални раце заради кои е опишан како „шепа“.И покрај значајното место кое го завзема во овој серијал, Вајсмен со презир гледал на оваа улога.

 zlos 2

 

РЕД ГРАНТ

Во филмот „ Од Русија со љубов“ противник на Бонд му е Ред Грант. Овој лукав убиец со мускулеста градба и руса коса преставува еден од најпознатите и најсилните противници на Џејмс Бонд. Овој лик извонредно го одигра актерот Роберт Шо кој нешто подоцна ќе се прослави со улогата во филмот „ Ајкула “ на Стивен Спилберг.  Од страна на писателот Иан Флеминг тој е опишан како аморален аполитичен психопат чиј порив за убивање се совпаѓа со фазите на промените на месечината. Останува запаметена неговата брутална борба со Бонд во возот Ориент Експрес.

 zlost 3

АУРИК ГОЛДФИНГЕР

Еден од злосторниците кој некогаш му се заканил на светот е Аурик Голдфингер –професионален шверцер со злато, во филмот „ Голдфингер“од 1964 година.

Првично овој лик во филмот требало да го игра големиот актер Орсон Велс, на заради големиот хонорар што го побарал бил ангажиран познатиот германски актер Герт Фробе кој пак заради лошиот изговор на англискиот јазик бил надсинхронизиран од актерот Мајкл колинс.

zlos 4

 

БЛОФИЛД

Веќе рековме дека еден од најголените злосторници со кои Бонд се бори дури во четири филма беше Ернст Ставро Бофилд чиј лик го играа актерите Чарлс Греј, Тели Савалас ,Ентони Досон и Доналд Плезенс.Од сите нив најмногу во сеќавање кај публиката остана Доналд Плезенс со својот настап во Филмот„ Само двапати се живее„  и тоа заради неговото лице со лузна кое актерот Мајк Маерс го искористи за една комедија каде го игра ликот на Остин Пауерс.

zlostor 5

 

КАНАНГА / Мр. БИГ

Актерот Јапет Кото во филмот „ Живеј и пушти другите да живеат“ игра двојна улога. Корумпиран диктатор на Карибите и неговото алтер его Мистер Биг. Во романот на Флеминг овој лик е опишан како монструозен човек со големи жолти очи и глава двојно поголема од нормален човек. Меѓутоа , актерот Кото на ликот му дал сосема поинаков карактер на харизматичен злосторник и неранимајко.

 zlos 6

ФРАНЦИСКО СКАРАМАНГА

Во филмот„ Човекот со златниот пиштол“ познатиот актер Кристофер Ли , кој се прослави како Грофот Дракула, улогата во овој филм ја добил по препорака на Роџер Мур. Во филмот тој игра улога на платен убиец кој убива со златен пиштол направен од 24 каратно злато.Неговиот лик е препознатлив по третата брадавица на неговото тело и неговата наклонетост за водење љубов пред секое убиство.Во романот на Флеминг неговиот лик завзема сосема мало место но за потребите на филмот неговата улога е проширена.

zlos 7

 

ВИЛИЦА-АЈКУЛА

Актерот Ричард Кил ,човекот со железни заби наречен „ вилица„ или „ајкула“ стана позабележителен лик одколку неговиот работодавец Карл Строндберг во филмот  „Шпионот што ме сакаше“.Тој стана толку популарен со овој лик што беше повторно ангажиран во филмот „Операција вселена“две години подоцна. Требало да игра и во филмнот „ Само за твоите очи“ но заради промена на приказната на филмот ,немало место за неговиот лик.Инаку тој почина изминатата година во септември.

 zl 8

 

ХУГО ДРАКС

За улогата на богатиот индустријалец ,злосторникот Хуго Дракс , во филмот  „Операција вселена“ ,најпрвин требало да биде ангажиран големиот англиски актер Џејмс Мејсон. Но, кога филмот станал англиско француска копродукција , оваа улога му припаднала на францускиот актер Мишел Лонсдејл за да се направи усогласеност во поделбата на главните улоги.Мишел Лондсдеј ликот го одиграл како арогантен аристократ кој го презира човештвото.Како тоа ќе го направеше Џејмс Мејсон може само да се претпоставува

zl 9

 

МАКС ЗОРИН

Во филмот „ Поглед на убиство“ познатиот актер Кристофер Вокен, кој се прослви со улогата во филмот „ Ловци на елени“, го игра ликот на Макс Зорин ,еден од најголемите филмски психопати.Тој сака да ја уништи Силиконската долина и да завладее со светот. Улогата најпрвин му била понудена на познатиот пеач и мошне добар актер Дејвид Боуви , но според многумина тешко е да се замисли некој друг актер освен Вокен да одигра лик на таков психопат кој со смеење и големо задоволство со митралез ги убива своите луѓе.

zlos 10

 

ЛЕ ШИФРЕ

Познатиот актер од Данска, Макс Миделсен во филмот „ Казино Ројал “ го игра ликот на Ле Шифре, човекот со црна коса како мастило и око низ кое тече крв. Тој го предизвикува Бонд на коцкарски двобој и во текот на партијата покер се обидува да го отруе. Но, Бонд не би бил Бонд ако дозволи такво нешто. Неговиот лик ќе остане запаметен и по садистичките методи кои тој ги применува врз Бонд кога ќе падне во негови раце.

Од таму воопшто не зачудува неговиот ангажман веднаш по овој филм во телевизиската серија за Ханибал Лектер.

И така… Дури има злосторници кои му се закануваат на светот ќе има работа за тајниот агент Џејмс Бонд кој ќе ги елиминира. Дека е тоа така доказ е 24 тата авантура „ Спектра “ која веќе од следниот четврток ќе може да се види и во кино салите низ Македонија и се разбира и низ целиот свет.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Потсетување на трагичната судбина на некогаш популарниот Чкаља

Next Post

Промоција на книгата „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“.

Next Post

Промоција на книгата „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk