• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Бонд, засекогаш

октомври 16, 2015
in Филмољубие

 

Еден од најдолговечните серијали во историјата на филмот секако е оној за тајниот агент Џејмс Бонд ,чие име( иако не се наоѓа во насловот во ниту еден од досегашните филмови) стана синоним за цела серија на филмови , позната по името  „Џејмс Бонд филмови“.Филмовите од оваа серија рамковно се темелат на познатите романи на писателот Јан Флеминг, но ги задржуваат нивните наслови.

Првиот филм од овој серијал е реализиран во 1962 година, кога продуцентот Алберт Р. Броколи ги откупил правата за екранизација на романот од Хари Салцман кој барал соодветен финансиер а потоа и самиот станал копродуцент со Броколи , односно извршен продуцент.Првиот филм бил именуван како „ Др. Но“ и доживеал огромен успех кај публиката но и критиката не останала рамнодушна кон оригиналноста на филмот.Од тогаш па до денес се снимени вкупно ( заедно со последниот „ Спектра“ кој премиерата ќе ја доживее на 26. октомври ,во Лондон)24 филмови, во кои улогата на тајниот агент 007 го толкувале шест актери: Шон Конери, Џорџ Лејзенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и актуелниот Даниел Крејг.

Мора да се спомене дека се снимени  и два филма за Џејмс Бонд во независна продукција „ Казино Ројал“ –пародија со Дејвид Нивен во улогата на Џејмс Бонд ,во 1967 година и „ Никогаш не речи никогаш “ со Шон Конери во 1983 година , кога тој службено го напушти овој серијал и кога неговото место го завзеде Роџер Мур , кој во истата година настапи  во филмот „Октопуси“.

За овој долговечен серијал такаречи се знае се’ но сепак преку презентација на неколку занимливости сврзани за овој серијал,  ќе се обидеме да откриеме неколку интересни нешта за кои можеби не сте слушнале или воопшто не сте знаеле.

bond 1

1.Командирот Џејмс Бонд е член на МИ6 , меѓународниот огранок на британската тајна служба и го носи кодниот број 007. Префиксот „ 007“означува дека тој има неограничена можност за користење на дозволата за убивање при вршење на должноста.

Агентите 002,003,004,009 се убиени, додека агентот 006 ,во ликот на актерот Шон Бин како негативец беше елиминиран во филмот „ Златно око“. Агентот 008 би требало да биде замена за Бонд доколку тој доживее несреќа или ако биде елиминиран.Агентите 001 и 005 досега никаде не се споменати.

bond 2           bond 3

2.Секој филм од овој серијал по воведната сцена во која е преставена предходната акција на Бонд, следува сцената на пукање од пиштол која е типична за сите филмови на Бонд.Оваа сцена за прв пат е изведена во филмот „ Др. Но“. Сцената била изведена од страна на каскадерот Боб Симонс кој ја изведувал во првите три филма . Веќе во четвртиот филм „ Операција гром“ неа ја извел Шон Конери- толкувачот на улогата на Бонд. Од тогаш па до сега не се користени каскадери туку неа ја изведуваат актерите кои го играат ликот на Бонд.Интересно е да се каже дека Шон Конери и Џорџ Лејзенби во оваа сцена носат шешир а сите останати актери носат смокинг.

3.Роџер Мур и Даниел Крејг се единствените Англичани кои го играле Бонд во официјалната серија на филмови. Шон Конери е Шкотланѓанец,Џорџ Лејзенби беше Австралијанец, Тимоти Далтон има италјанско-велшка крв (и е роден во Велс)  ,додека Пирс Броснан е Ирец.

Владее мислење дека улогата на Бонд продуцентите никогаш не му ја понудиле на некој американски актер, што не е точно.Имено, меѓу актерите кои ја одбиле оваа улога се Хју Џекмен, Кери Грант, Клинт Иствуд и Берт Рејнолдс.Иствуд и Рејнолдс одбивањето го образложиле со објаснувањето дека Бонд мора да биде Британец.

Иако во почетокот бил изразито незадоволен со изборот на Шон Конери за улогата на Џејмс Бонд, Јан Флеминг ( таткото на Бонд) подоцна се премислилил. Толку му се допаднала интерпретацијата на Конери што во своите романи ги прилагодил податоците за потеклото на Бонд што напишал дека таткото на Бонд бил Шкотланѓанецот Ендрју Бонд а негова мајка Моник Делакроа, од Швајцарија. Инаку, Флеминг најпрвин за ликот на Бонд го избрал актерот Роџер Мур.

bond 4

4.Роџер Мур бил најстариот актер кој го играл ликот на Џејмс Бонд. Мур имал 58 години кога настапил во филмот „Поглед на убиство“.

Од друга страна Џорџ Лејзенби бил најмладиот актер кој се нашол во улогата на Бонд. Имал само 30 години кога настапил во единствениот филм од овој серијал „ Во служба на нејзиното Височество“.Од него била повозрасна дури и неговата партнерка Дајан Риг која тогаш имала 31 година. Повозрасна била и Хонор Блекман со своите 37 години како Бонд девојка на Шон Конери во филмот „ Голфингер“ , кој имал 34 години.

bond 5

5.Големиот актер Кристофер Ли ,инаку роднина на Јан Флеминг по негово барање требало да настапи во првиот филм за Бонд „ Др. Но“ . Но , тоа се случило 12 години подоцна во 1974 година во филмот „ Човекот со златниот пиштол „ каде Ли го одигра ликот на негативецот Скараманга , покрај тогашниот Бонд- Роџер Мур.Интересно е да се каже дека овој филм најпрвин требало да се снима на локации во Иран. Овој филм се памети и по спектакуларната сцена на летот на автомобилот кој го вози Бонд преку еден канал. Сцената била снимена во еден кадар со помош на 8 камери но и за првпат со употреба на компјутерска модулација.

bond 6

6.Шон Конери ,според многу анкети, е најдобриот актер кој го толкувал ликот на Џејмс Бонд.Интересно е дека тој во сите филмови за Бонд носи тупе, заради недостаток на коса.

За потребите на снимањето на филмот „ Никогаш не речи никогаш“ инструктор по боречки вештини бил Стивен Сигал ,кој подоцна ќе стане филмска ѕвезда. Конери ќе го памети како инструктор кој му го скршил зглобот.Овој филм ќе се памети и по тоа што во овој филм дебитира познатиот англиски комичар Роуен Еткинсон односно нешто подоцна планетарно познатиот Мистер Бин.

7.Според актерот Роџер Мур најдобар толкувач на ликот и делото на тајниот агент 007 е Даниел Крејг,актуелниот Џејмс Бонд.

Роџер Мур кој седумпати го толкуваше ликот на Џејмс Бонд ,за свој најдобар филм во кој настапил како Бонд го избрал „ Само за твоите очи “ од 1981 година.

bond 7

8.Пред Пирс Броснан да стане петиот актер кој ќе го толкува Џејмс Бонд , во игра биле актерите Лијам Нисон,Мел Гибсон, Сем Нил и Хју Грант, Сепак на крајот бил избран Пирс Броснан кој за првпат како бонд се престави во филмот „ Златно око“ во 1995 година. Тој уште три пати го играше Бонд се до 2002 година.Според публиката и критиката тој и Тимоти Далтон се најлошите толкувачи на ликот и делото на тајниот агент Бонд.

9.Славната музичка тема „Џејмс Бонд“ја компонирал Монти Норман а ја изведува оркестарот на Џон Бари.Темата за првпат се слуша во првиот официјален филм за Бонд од 1962 година „ Доктор Но“ иако авторството над композицијата било предмед на долго годишен судски спор.

Главната музичка тема во филмот за време на најавната шпица воглавно ја изведуваат популарни интерпреттатори во времето кога е правен филмот. Најмногу музички теми има отпеано Ширли Бејзи- дури три, а од останатите познати имиња тука се :Тина Тарнер, Дјуран Дјуран, Том Џонс, Пол Макартни, Ненси Синатра, Карли Сајмон, Гледис Најт, А –ха, Шерил Кроу, Шина Истон, Гарбиџ, Мадона, Адел…

10.Точно 10 режисери досега се потпишале на филмовите од оригиналниот серијал од 24 филма.Најмногу потпишал Џон Глен ,дури пет,а следуваат Гај Хамилтон и Луис Џилберт со по четири, Теренс Јанг со три, Мартин Кембел и Сем Мендез со по два филма и Роџер Спотисвуд, Мајкл Аптед , Ли Тамахори и Марк Фостер со по еден филм.

bond 8

Шампион според заработката е филмот „ Скајфол“  во режија на Сем Мендез(23 филм за Бонд) со вкупна заработка од една милијарда и 108 милони долари во светски рамки.Најдолг  филм од овој серијал досега беше „Казино Ројал “ кој траел 144 минути, но овој рекорд ќе го сруши најновиот филм „ Спектра“ кој трае 160 минути. Од него се очекува да го сруши и досегашниот рекорд според зработката.Многумина кои ги виделе материјалите од овој филм велат дека се работи за најспектакуларниот филм од овој најдолговечен серијал.

За интересните нешта сврзани за овој серијал може да се пишува многу од причина што се работи за серијал кој трае многу години и поврза многу генерации на љубителите на овој жанр . Останува да почекаме и да видиме како изгледа најновата 24 по ред авантура на тајниот агент кој постојано го спасува светот од лошите момчиња.

Ѓоко Симјаноски – Публицитет.мк 

Посетеност: 179
Share
Previous Post

„Мојот живот,мојот свет“: Вили Котовски

Next Post

Во Скопје промовиран едукативниот прирачник за деца „Моето семејство‘‘

Next Post

Во Скопје промовиран едукативниот прирачник за деца „Моето семејство‘‘

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 179

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk