Божикните пазари на стариот градски плоштад во Прага се на врвот на најдобрите туристички дестинации во светот според онлајн анкетата на американскиот весник Тудеј
Американскиот весник Today ги објави резултатите од анкета во која беа вклучени десетте најдобри веб сајтови преку кои читателите можеа да гласаат меѓудругото и за атмосферата, декорот и амбиентот на стариот градски плоштад во Прага. Тие Прага ја опишаа како волшебна дестинација со волшебна атмосфера на пазарите, украсите, светилките…
Божиќните базари во Прага се одржуваат секоја година на стариот градски плоштад и плоштад Wencesla. Ако барате необична храна и пијалаци, а не подароци и предмети за декорација, тоа е вашето место.
Задолжително пробајте грог со мед, а традиционалните божиќни чешки песни кои ќе ги слушнете во чаршијата, светлата и прекрасната архитектура ќе ја загреат вашата душа.
Топ 10 Божикни дестинации во светот се:
- Прага
- Порторико
3.McAdenville, Северна Каролина
4.Сан Мигел де Аљенде, Мексико
5.Лапонија, Финска
6.Taoс, Ново Мексико Мексико
7.Квебек, Канада
8.Стразбур, Франција
9.Рејкјавик, Исланд
10.Тромсо, Норвешка
„Ние го цениме фактот што не само Американците, туку и ред други гласаа, за нам да ни припадне ласкавата титулата од читателите во целиот свет. Тоа е сатисфакција за нашите дванаесет години работа на Божикниот пазар во центарот на Прага.
Стариот градски плоштад е природно убав сам по себе. Сепак, ние сме многу возбудени поради фактот дека луѓето од странство, на тој начин, исто така, ја пофалија нашата тимска работата, изјавија од Taiko компанијата која го одржува и организира Новогодишниот пазар среде престолнината на Чешка.
Уредниците на десетте престижни сајтови биле посебно воодушевени од одбележувањето на денот на Свети Никола во Чешка.
Фото: Александар Глигуроски / Публицитет.мк