• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

“Братска средба на Димче и Борче Илиевски-македонски шаховски легенди”.

јуни 18, 2018
in Во потрага по трајната убавина
“Братска средба на Димче и Борче Илиевски-македонски шаховски легенди”.

Во среда на 20 јуни македонското здружение за култура и обичаи, “Гороцвет” од Скопје, во соработка со Македонски железници, која одбележува 145 години постоење, организира необичен и несекојдневен настан “Братска средба на Димче и Борче Илиевски-македонски шаховски легенди”.

Настанот ќе содржи Симултанка во воз, од Скопје до Битола, на велемајсторот Димче со патниците. Во рамките на програмата патниците во современиот воз ќе може да го погледаат документарен филм со Димче и Живко Поповски Цветин, реализиран од Тв Телма, и неколку документарци од МТВ посветени на познатиот хуманитарец и уметник, Цветин. Дел од програмата ќе бидат шахистите Сашо Ефтовски од МЖ и Никола Николовски млад интермајстор, Столе Костадинов, Ненад Баткоски, поетесата Анита Бошкова, поетесата и новинарка Валентина Ѓоргиевска Парго и младата актерка Аница Бебиќ. 

35533245 10156431522624264 5581589156846370816 n

Во Битола на пладне ќе засадат дрво Гинко во паркот на лајонизмот, а потоа во паркот Магнолија се среќаваат Димче и неговиот брат Борче, на кого Цветин ќе му подари насликана уметничка цветна шаховска табла.Тука ќе се одигра симултанка со десетмина шахисти од Битола, збогатено со поетски и актерски перформанси. Во рамките на настанот ќе биде промовирана монографијата за Димче, “Димитар Илиевски- Македонска шаховска легенда”.

35543408 10156431523024264 1210381411043770368 n copy

Со пуштање на пет мироносни балони со порака за мир, организаторот “Гороцвет” иницира овој ден да стане Светски ден на мудроста. Авторот Цветин, ќе подари 64 цветни шаховски полиња на патниците, учесници во возот и во Битола. Екипата денеска беше примена во депото на Македонски железници, од страна на директорот на Патнички сообраќај на МЖ Саша Јовановски, Марјан Петрушевски од Инфраструктура, сектор сообраќај.

35826255 10156431522474264 8104067739489927168 n copy copy

За успешноста на овој доброволен и добротворен настан покрај Македонски железници, се погрижија и лк. “Вардар”-Скопје, “Хераклеја” и “Кабадаја”-Битола, Здружение на медициски сестри, техничари, акушерки и стоматолошко сестри, Црвен крст- Битола, Здружение на пензионери Битола, издавачка куќа “Бата прес”, ИНФЕ Македонија, господинот Марјан Талев, Коста Папастеревски, Томе Гинко.

Публицитет.мк 

Посетеност: 63
Share
Previous Post

Само Тони и Бојан Live at Aquarius

Next Post

„Под Канео“ – фотограф: Димче Коруноски

Next Post
„Под Канео“ – фотограф: Димче Коруноски

„Под Канео“ - фотограф: Димче Коруноски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 63

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk