Алпојо – ДООЕЛ Охрид, со седиште во Охрид е основано во 1993 год. и главна дејност на фирмата е трговија со алкохолни и безалкохолни пијалоци. Во 1999 год. ја проширува својата дејност во прехрамбениот сектор почнувајќи со пакување на шеќер во форма на стапче, перниче и пирамида.
Следи проширување на асортиманот со пакување на прашкасти и зрнести производи како какао во прав, био зачин, гриз, лешник, фстак и други апетисани, кочански ориз, сушен зеленчук и други производи кои се неопходни за секое домаќинство. Палетата од призводи секоја година се проширува.
Овој пат со пораката за СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ – ВАСИЛИЦА И БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ и неколку препораки за дел од нашите производи кои се недоминливи на сечија трпеза.
Таратур е традиционално македонско јадење. Најчесто се служи како предјадење. Потребни состојки (за 4 лица):
• 2 краставици (околу 12 см)
• 500 гр. кисело млеко
• 1 лажица сол
• 1/2 лажица оцет
• 3 чешни лук (мелен или во прав)
• 50 гр. ореви (по избор)
• 10-20 гр. масло за готвење (по избор)
• магданос (за декорација, по избор)
Краставиците ги миеме и потоа ги лупиме. Ги сечкаме ситно. Потоа ги ставаме во сад и наросуваме сол. Во садот додаваме кисело млеко и лук. Добро примешуваме. По избор додаваме масло за готвење и ореви. Смесата ја ставаме во голем сад за послужување. Декорираме со магданос.
Таратурот го послужуваме ладен. По можност, се зачинува со листови свеж.
Нането може да го зачини животот, коа станува збор за исхраната, но и за здравјето, потврдуваат експертите од германската служба за анализа и информации за храната, исхраната и земјоделието.
Лутото нане на сите водови продукти им дава свежа арома, без оглед дали се додава во освежителни пијалаци, десерти или во јадења.
Етеричните масла од нането го прават особено ефикасно, неговите лисја содржат многу еукалиптол и ментол. Маслото ги олеснува грчевите во желудникот, влијае на намалувањето на главоболката и ги отстранува пречките во варењето на храната.
Меѓутоа, премногу нане може да има лош ефект врз организмот. Големо количество еукалиптол не влијае добро врз слузокожата на желудникот. Повеќе од три шолји чај од нане на ден, претставува преголемо количество за организмот, сметаат стручњаците.
Употребата на лутото и зеленото нане е многу раширена. Свежиот вкус на нане добро оди со салати, зеленчук, јагнешко, мелено месо, компир, зрнесто овошје, чоколада и десерти од млечните производи. Стручњаците потсетуваат дека свежите листови нане брзо ја губат аромата и поради тоа на јадењата треба да им се додаваат по, а не завреме на приготвувањето.
Пилешко месо(стек 500 Грама)
Компир(500 Грама)
Кашкавал(100 Грама)
Брашно(2 Супени лажици)
Павлака(200 Милилитри)
Бело вино(1 Чаша)
Вегета(1 Супени лажици)
Маслиново масло(1/2 Чаша)
Свеж сок од лимон(од 1/2 лимон )
Сол(1 Супена лажица)
Рузмарин(2 Супени лажици)
Бибер(2 Супени лажици)
Лук во прав(2 Супени лажици)
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Најпрво подгответе го сосот: во сад измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, лукот во прав, 1 лажица сол, 2 лажици бибер и сувиот рузмарин.
- Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки и оставете го да отстои еден ден во сосот од рузмарин.
- Следниот ден стекот зачинете го со вегета и пржете го во загреано масло.
- Испржениот стек извадете го и во истото масло пржете го брашното, додајте го виното и промешајте, па додајте ја и павлаката.
- Зачинете по вкус со сол и бибер и мешајте додека да се згусне како сос.
- Компирите излупете ги и исечете ги на кругови.
- Во огноотпорен намастен сад ставете еден ред компири, па стек и одозгора прелијте со сосот.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, потоа се вади од рерна, се ренда кашкавал и јадењето се допекува уште 15 минути
ДОБАР АПЕТИТ!
Публицитет.мк