Кристина Илоски има завршено професионален курс по шминка во Сараево, под менторство на познатата make up менторка и висажистка Марина Божаниќ од каде и започнуваат почетоците на оваа приказна.
Нејзините дела кажуваат многу! Кристина цели 10 години успешно го гради брендот Make up by Kika. Со напорна работа, има сопствено студио кое нуди повеќе услуги во име на женската убавина покрај шминката.
А исто така овозможувa курс за make up артисти кои се стекнуваат со сертификат. Ќе се запознаат со: типови, психологија и третмани на кожата, вклучително и подготовка за шминка; работа со професионален фотограф; платени книги и материјали од студиото „Ателиер“ вклучени фотографии, модели и шминка. – креација од совршени слоеви и навлажувачи, потоа проучување и истражување на различни видови на лице и нивна корекција; убавината во текот на историјата (модни икони кои го инспирираат шминкерот), како и убавината во текот на 20-от век (филмови и музика).
По повод 10 години постоење брендот деновиве ја прослави годишнината во кафе барот Ликвид …
Елегантен амбиент, гламур , црвен килим, несекојдневен настан кој долго ќе се памети . Дел од атмосферата може да ја проследите преку видеото и фотографиите…
Наумка Кузеска
Публицитет.мк