• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Брисел не ја коментира „платформата на Груевски“: Не сме ја виделе и не шпекулираме

март 20, 2017
in Тикер

Европската комисија не сака да ги коментира барањата што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до еврокомесрот за проширување и за добрососедска политика, Јоханс Хан, за време на неговата утрешна посета.

– Нема да шпекулираме или да коментираме партиски програми. Очекуваме наскоро да се формира нова влада, посветена на имплементирање на заостанатите реформи. Ќе продолжиме да инсистираме на имплементирање на сите делови од Договорот од Пржино. Тоа е клучно за да се врати земјата на патот кон ЕУ, нешто што нејзните граѓани го сакаат и го заслужуваат – велат за „Мета“ извори во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ во петокот соопшти дека ќе побараат од Хан јавно да ја осуди тиранската платформа, ЕУ да се придржува до принципите што ги воспостави претходниот еврокомесар Оли Рен, односно победникот од македонскиот политички блок да коалицира со победникот од албанскиот блок, и да се одблокираат евроинтегративните процеси.

Во Брисел не сакаат да ја коментираат ниту изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека партијата подготвува политички документ – „платформа за зачувување на Македонија“.

– Не сме ја виделе и не сакаме да шпекулираме – велат претставници на ЕУ за „Мета“.

Груевски вчера во интервју за „Канал 5“ рече дека очекува следените денови политичкиот документ да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза.

– Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од кризата. Преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите политички партии и очекуваме од нив да го прифатат како излез од политичката криза – изјави Груевски.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 155
Share
Previous Post

Заев: Не е прифатлива широка коалиција со Груевски, тој треба да се подготви за опозиција

Next Post

Македонците меѓу најнесреќните на Балканот

Next Post

Македонците меѓу најнесреќните на Балканот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 155

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk