• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Букефал: Музејот Лувр

мај 9, 2016
in Во светот на уметноста

Лувр е денес еден од најпознатите светски музеи како по својата архитектура, така и по содржините на своите поставки. Приказната на Лувр започнува во 1190 година, како замок на кралот Филип II и тврдина која ја штити западната страна на  Париз од напади. 

Низ вековите и годините претрпувал повеќе архитектонски и наменски промени, а секој од владетелите на Франција имал свој дел во сето тоа, при  што се придонело  во создавањето на денешниот музеј. Официјално како музеј започнува да функционира за време на француската револуција, кога Народното собрание решава дека ремек делата на нацијата треба токму тука да бидат изложувани.

Денес палатата е огромен коплекс на крила и павилјони на четири главни нивоа кои во текот на годините биле градени , доградувани, реставрирани итн.Комлексот зафаќа 40 хектари и се дели на два дела кои имаат четириаголни форми: Стар Лувр со средновековни и ренесансни павилјони со крила околку  Плоштадниот двор (Cour Carrée) и голема галерија; и на Нов Лувр со павилјони и крила од 19 век. Лувр е препознатлив и по Клоуд Пераулт фасада (според архитектот Claude Perraul) и преставува ремек дело на францускиот архитектонски класицизам со малку барокни елемнти  и други елементи утврдени според античкиот римски архитект Витрувие(колонадата од коритски столбови). Во 1983 година францускиот претседател Франсуа Митеран го предложил планот Големиот Лувр со што зградата била реновира а во центарот поставена стаклена пирамида која била изработена по планот на американскиот архитект И.М. Пеи. Поставена е во 1988 година, иако на почетокот контроверзно прифатена, но сепак станува белег на француската архитектура. Втората фаза на  планот Големиот Лувр е Превртена пирамида и е завршена во 1993 година. Таа е светларник во подземен објект пред Лувр свртен наопаку.

Парискиот музеј Лувр веќе долг период претставува најпосетуван музеј во светот, а за тоа има добра причина. Големиот уметнички музеј чува 35.000 ремек-дела кои датираат од праисторијата, сѐ до современата уметност. Потребна е една недела за да се видат сите овие дела. Доколку немате слободна недела во Париз, може да направите брза обиколка на следните најголеми 15 уметнички дела кои се изложени во музејот.

 


 

„Мона Лиза“ – Леонардо Да Винчи (1503-1506).

„Ника од Самотраке“ (190 п.н.е.) ја претставува грчката божица на победата како посегнува по нови височини.

„Сплавот на Медуза“ од Теодор Жериколт (1818-1819), иконата на францускиот романтизам.

„Психа оживеана од бакнежот на Купидон“ од Антонио Канова (1793) ја прикажува митската приказна на Купидон и Психа.

„Седнатиот писар“ од Сакара (2620-2500 п.н.е.).

„Смртта на Сарданапалус“ од Ежен Делакроа (1827).

„Слобода на барикадите“ од Ежен Делакроа (1837).

„Хермафродит кој спие“ (2-ри век).

„Позајмувачот на пари и неговата сопруга“ од Квентин Метсис (1514).

„Милоска Венера“ (130-100 п.н.е.).

„Крунисувањето на Наполеон“ од Жак-Луи Давид (1806-1807).

„Бунтовен роб“ од Микеланџело (1513-1516).

„Големата Одалиск“ од Жан Огуст Доминик Ингре (1814).

„Портрет од старец и момче“ од Доменико Гирландајо (1840).

Извор: http://www.divianarts.com/26687

           www.fakulteti.mk 

Публицитет.мк 

Посетеност: 232
Share
Previous Post

Хуманитарна уметничка вечер во Кочани

Next Post

Дојдeте во Охрид и отседнете во апартманите „Лихнидос“ до пристаништето, езерото и плоштадот

Next Post

Дојдeте во Охрид и отседнете во апартманите „Лихнидос“ до пристаништето, езерото и плоштадот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 232

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk