Со марш Охрид го одбележа меѓународниот Ден на ретките болести.
Ни студот не ги спречи околу 1000 ученици од основните и средните училишта со обоени лица и транспаренти, да делат едукатривен материјал и да маршираат по централните улици низ Охрид во знак на поддршка на реткоста, на лицата кои боледуват од ретки болести.
-Нашите сограѓани активно се вклучија во светската кампања Show your rare Show you Care и го обоија нашиот град, но и социјалните мрежи во боите на ретките болести. Креативните творби на учениците од основните и средните училишта украсија многу училници и ходници, а најуспешните ќе ги красат и ѕидовите на детското одделение при Општа болница од Охрид и Детската клиника во Скопје, истакна Гордана Лолеска од Здружението „Ретки бпчести“.
Лолеска им се заблагодари на сите кои на еден или друг начин се вклучиле во афирмацијата на заложбите да се слушне гласот на ретките меѓу нас.
Публицитет.мк