Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение.
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на 15 април (петок) екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
Третирањето ќе биде од земја во период од 6 до 8 часот наутро.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студеничишкото блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.
Публицитет.мк