• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Честитка на градоначалникот Георгиевски за 11 Октомври

октомври 11, 2021
in Тикер
Честитка на градоначалникот Георгиевски за 11 Октомври

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски , упати честитка  по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

                                              07112019005 600x900

– Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. На овој  ден во  далечната 1941година   во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно – ослободителна борба.

Преку оваа борба нашиот народ  го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на слободна,   самостојна и суверена држава. Токму со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција, на страната на доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата.

11 Октомври и првото заседание на АСНОМ  им дадоа целосна смисла на сите револуционерни  движења претходно.  Борците во НОБ  ги достигнаа  стремежите на сите претходни генерации да се добијат долго очекуваната победа и слобода.

 Секоја генерација има своја одговорност. Така и нашата, да ја сочува  слободата, суверенитетот и независноста на нашата земја која со пролеана крв  и многу жртви ја  спечалиле нашите предци. Одговорноста е голема, она што сме го добиле како влог треба  да го предадеме на  идните генерации,  на нашите деца.  Никогаш да не дозволиме да ни бидат одземени мирот и слободата.   Наша задача е да обезбедиме економски стабилна и просперитетна држава, која  ќе биде рамноправна членка со останатите држави во европското семејство.  Единствени и сплотени    да продолжиме да ја градиме нашата  татковина  како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности да креира пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство.              

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – денот на   Народното Востание, се вели во празничната честитка на градоначалникот Георгиески. 

Извор:www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Северна Македонија го чествува 11 Октомври и 80-годишнината од Денот на востанието, владина делегација се поклони пред спомениците на хероите

Next Post

Дическа: Ќе бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните

Next Post
Дическа: Ќе бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните

Дическа: Ќе бидат преземени конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk