На истекот на првиот ден по роденденот. Еве дел од роденденските честитки и пораки
Почитуван Милчо, многу искрени честитки за едногодишниот ЈУБИЛЕЈ!
Искрено, јас не го гледам како едногодишно твоето ангажрање во одбележување на настаните од културата, уметноста, музиката… тоа оди многу подалеку, над 30 години нанзад, просто да не се верува.
Има нешто во човекот што не може да се добие со учење, тоа нешто ти го имаш. Тоа комбинирано со твојата стручност, љубопитност и искреност придонесува луѓето многу полесно да ги прифатат информациите.
Продолжи да ги пренесуваш вестите со твоето срце и луѓето ќе бидат радосни да ги читаат.
Ти благодарам што секогаш многу радосно и со големо срце се интересираше за нашите проекти и ја пренесуваше веста. Ти посакувам уште многу, многу успешни и радосни години да следуваат!
Поздрав до НАШИОТ ПРЕКРАСЕН ОХРИД, и неговите граѓани, да не заборават дека живеат во еден од најстарите и најубавите градови во светот
Менка и Мајкл Клос – Канада
Од причина што не живеам во Македонија, интервјуто го договаравме на повеќе наврати.
Конечно кога коцките се споија и се улови време во најтопло сеќавање ќе ми остане денот кога го правевме истото.
Беше навистина вистинско уживање да се разговара,раскажува, да се менува, додава и да се евоцираат најдалечни и подзаборавени спомени со помош на виртуозноста на Милчо.
Со својственост само на исклучиво добрите познавачи на перото тој направи со невидена леснотија почетната трема да ми исчезне и разговорот да ни тече како да сум на кафе со најдраг пријател,со кого се немам видено 100 години…
На Милчо и на Публицитет мк. им посакувам уште многу години успешна работа исполнета пред се’ со интересни интервјуа
Хулија Хилми, Истанбул
Помина една година од постоењето на “Публицитет.мк”, сајтот кој донесе големо освежување.
Секојдневно нови, интересни написи, разговори и интервјуа со многубројни личности, осврнување на актуелни теми…
Со задоволство и љубопитно секојдневно го отворам да прочитам нешто ново, интересно, актуелно, да се запознаам со животот на некоја нова личност.
На мое исклучително задоволство бев гостин во рубриката „Мојот живот, мојот свет”.
Споделив со јавноста интересни моменти и случувања од мојот живот. Драго ми беше што бев дел од оваа рубрика.
Ви посакувам успешна иднина. Продолжете во Ваш стил да не информирате, забавувате и изненадувате.
Со искрени желби за големи успеси понатаму, од срце Ви го честитам првиот роденден.
М-р Оливија Јанева, Охрид
Искрени честитки и желби „Публицитет.мк“ да го доживее и својот 101 роденден!
Чест ни е што бевме дел од Вашето едногодишно постоење, благодарни за коректната и професионална соработка и ви посакуваме бројни вести кои секојдневно ќе го привлекуваат вниманието на се поголам број Ваши читатели!
За убаво !
Марија Филева – Стоев, Охрид
Честитки Милчо, кога помина годинава?
Александра Котушеска – Ристоска, Охрид
Честитки драг колега Милчо!
Радица Бојковска – Димитровска, Сиднеј СБС – Австралија
Честитки и многу години да славите со успех. Задоволство е да се биде дел од Вас . Ја имете целосната поддршка од НИК – САН
Ники Маленкова, Охрид
Честитки – НВО „Опција“ – Охрид
Публицитет.мк Честит роденден, успешни како и досега во наредните 100 !
Сантина Целеска – Охрид
Честито годишнина!
Сашка Кумбароска, Струга
Честитки и уште многу успешни години
Стоматолошка ординација Д-р Стоев – Охрид
Честитки и многу ни се допаѓа
Пандора Новеска, Охрид
Нека се множат јубилеите
Весна Цветаноска, Охрид
Искрени честитки со желби за уште поголеми успеси
Татјана Дурнева,Охрид
Да се множат!
Гоце Кузески, Охрид
Бидете успешни и долговечни!
Ема Кушевска, Елен Камен
Честики колега,успесите да се множат
Маја Младеновска, Крива Паланка
Бројот на оние кои се јавија на ФБ, мобилен и по елетронска пошта да кажат дека им се допаѓаме и дека не следат е далеку поголем.
Публицитет.мк
На сите подеднакво им благодари!
Ќе продолжиме со ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА НЕШТАТА
Милчо Јованоски, Публицитет.мк
П.С.
До некое тет а тет видување послужете се од нашата виртуелна торта!