Владимир Четкар оваа недела го отвори Ауди Интернационалниот Џез Фестивал Пном Пен во Камбоџа.
Патрон на фестивалот беше Ауди а на отварањето на кое можеше да се присуствува само со покани беше присутен дипломатскиот кор, приватниот бизнис сектор и членови на кралското семејство на Камбоџа. Концертот на Владимир Четкар го најави Францускиот амбасадор во Камбоџа Жан Клод Поимбуф ( Jean Cladue Poimbeuf ) и доби феноменални критики од повеќе национални медиуми во земјата (http://www.bizkhmer.com/entertainment/26695/ ) но и од интернационални медиуми како Францускиот Ле Петит Журнал/Le Petite Journal ( http://lepetitjournal.com/cambodge/accueil/actualite/265534-revue-de-concert-ouverture-du-audi-international-jazz-festival ) кој меѓу другото за македонскиот џез соул фанк артист го напиша следното;

“Неговата изведба беше извондредна од секој аспект. Во фанк- соул стил, близок до оној на Џорџ Бенсон и со влијание на диско ерата на 70-тите, артистот со својата енергија успешно искомуницира со публиката која на почеток на евентот изгледаше како да не беше доволно фокусирана. Потребно е многу енергија и страст за да се направат вакви два музички сета со толку високо ниво на квалитет и покрај тоа што акустиката во Салата на Ауди не е најидеална за музицирање. Во еден момент таа вечер Четкар со чист балкански стил успеа да ги собере сите гости заедно на подиумот и да ги натера да играат и пеат…”
Пред концертот во Камбоџа македонскиот музичар имаше два концерти во Малезија, во Пенанг на Интернационалниот Пенанг Џез Фестивал и во музичкиот клуб Лондри во Куала Лумпур, главниот град на Малезија ( http://www.themalaymailonline.com/showbiz/article/enjoy-jazzy-music-with-vladimir-chetkar-trio-and-jumero ).
На концертите во Малезија и Камбоџа тој беше прудружуван од Бено Сатлер, Енди Питерсон, Маркус Хо и Крис Супагит.
Четкар со Азиската турнеја која е подржана од Министерството за Култура на Македонија наскоро продолжува во Бомбај, Индија каде на 25 декември ќе настапи на фестивалот Муд Индиго, најголемиот музички колеџ фестивал во Азија.






