Турнејата на Владимир Василески – Четкар ќе започне од Скопје каде тој на 30 ноември, среда во 19:30 ќе настапи во ресторанот ‘ФОУР’ во новиот хотел „Парк Хотел и Спа“ на евентот „Вино и Задоволство“ организиран од винаријата Тиквеш.
На 2 декември Четкар ќе настапи во народниот театар во Битола, по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,
1100 години од упокојувањето на Св Климент а наредниот ден македонскиот џез, соул и фанк артист патува за Малезија каде на 4 декември ќе го затвори најпознатиот малезиски џез фестивал Пенанг Ајланд Џез Фестивал.
На 10 декември Четкар ќе одржи концерт во Куала Лумпур а на 12 декември ќе го отвори интернационалниот џез фестивал во Пном Пен, Камбоџа каде ќе се претстави пред кралското семејство и димпломатскиот кор на земјата.
На 23 и 24 декември Четкар ќе одржи 2 концерта во Мумбаи, Индија од кој настапот на 24 декември ќе биде на главната сцена на „Муд Индиго“ , најголемиот колеџ фестивал во цела Азија.
Публицитет.мк