Песната ‘Travel The World’ на Владимир Василевски Четкар од 20-ти мај се најде на музичката плеј-листа на Јапонскиот ланец на ‘Мекдоналдс’ и ќе биде секојдневно на ротација во над 3000 ресторани на Мекдоналдс во Јапонија.
Оваа музичка плеј-листа (Japanese McDonald’s BGM / Background Music) постои од 2010 година и е мошне популарна, додека за нејзината селекција внимателно се грижи посебен тим кој е задолжен за создавање на убава атмосфера во која јапонските муштерии може да се релаксираат и на кратко да заборават на брзото и стресно темпо на живот.
Публицитет.мк