На последната седница одржана деновиве Советот на Општина Охрид без расправа ја прифати Предлог-одлуката за прогласување на стариот чинар за споменик на природата и го усвои елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација.
Покрај стариот чинар во чаршијата, со проектот на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општината, се предвидува ревитализација на уште шест чинари во Охрид.
Чинарот и досега бил прогласени за природно наследство, според стар закон од 1973 година, но грижата за него била повремена и нецелосна.-Време е од запишаното на хартија да се премине на дела, велат неколку сограѓани откако веста веќе беше објавена дека за чинарот пак се разговара ама од конкретна акција уште нема ништо.
Општината престојните зафати ќе треба да ги спорведе во соработка со Министетрството за животна средина.
Се верува дека дрвото го засадил Св.Климент Охридски а тоа е култно за Охрид и со себе носи своја историја и социолошко – културолошка димензија.
Публицитет.мк