Неформалната организација Чист Охрид вчера ја одржа својата единаесетта акција.
Имено, активистите на Чист Охрид се упатија на првата договорена локација кај „Тренд“. Забележливо беше дека, непознатата група која се обидела да го исчисти теренот само површно исчистла, при што нашите волонтери вложија напор и го исчистија теренот детално. Упатуваме апел, до луѓето што ги прават овие акции за чистење да го прават тоа ефективно.
Тревната површина беше преплавена со стаклени шишиња, коски, игли и ампули. На оваа локација беа собрани 8 вреќи со најразличен отпад. По деталното чистење на првата локација, активистите се упатија кон задниот дел на НУЦК „Григор Прличев“. Како и на претходната локација, наидовме на голема количина на стаклени шишиња и домаќински прибор. На оваа локација беа собрани дополнителни 4 вреќи со отпад.
Чист Охрид им се заблагодарува на ЛК „Лихнидос“ Охрид, за донираната опрема.
Публицитет.мк