Најавата за седмата по ред акција на неформалната организација „Чист Охрид“, при што беше одредена и точната локација, се чини дека ги поттикна граѓаните да дејствуваат на своја иницијатива.
Во моментов нема официјални информации за тоа кој ја спровел оваа акција, меѓутоа Чист Охрид со задоволство објавува дека локацијата во моментов е исчистена.
Сепак, акцијата не запира тука! Имено, во недела, зависно од бројот на граѓани кои ќе се појават на акцијата освен волонтерите на Чист Охрид, ќе бидат истовремено исчистени неколку локации низ градот.
Времето и местото на собирање на заинтересираните остануваат исти, по што присутните ќе се организираат по локации.
Недела, 12 часот, пред ресторан Европа.
Се гледаме!
Публицитет.мк